Тренинг за обновливи извори на енергија во Македонија


Тренингот за обновливи извори на енергија за претставници од општините Охрид и Скопје во Република Македонија беше поделен на два дела.
Првиот дел од тренингот беше одржан на 06.10.2011 година. Овој дел од тренингот беше за „Финансиски алатки за инвестирање во ОИЕ“. Тренингот беше поддржан од г-дин Ангел Николаев од BSREC, Бугарија.
Вториот дел од тренингот беше одржан во периодот од 18.10.2011 до 21.10.2011 година, во просториите на Скопскиот Саем, за време на траење на саемот Технома. Предавачите во своите презентации ги вклучија сите ОИЕ, предвидени со проектот ENER SUPPLY, и тоа:

• Искористување на биомасата во општините и имплементација на проекти за биомаса во училишта и јавните згради во општините
• Генерални информации за ветерната енергија и ветерниот потенцијал во Република Македонија
• Искористување на геотермалната енергија во општините
• Изградба на мали хидроелектрани

Покрај предавачите од Македонија, овој дел од тренингот беше поддржан и од проектниот менаџер, г-дин Марко Капонигро, и партнерот од Босна и Херцеговина, воедно и водач на работниот пакет 3, г-дин Азрудин Хусика.
Покрај предавањата, претставниците од општините имаа можност да присуствуваат на конференцијата организирана од Агенцијата за енергетика на Република Македонија за „Енергетски предизвици, моментална состојба и банкарство“.
На крајот од тренингот на учесниците им беа доделени Сертификати за учество на тренинзите за „Систем за енергетски менаџмент“ и „Обновливи извори на енергија“.






BH BG HR
GR HU IT MK
RO RS SK EN